• петок, 23 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Скопје се сретнал со претставници на  партиите на Албанците 

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во Скопје се сретнал со претставници на  партиите на Албанците 

Дебар, 5 април 2025 (МИА) - Албанскиот претседател Бајрам Бегај, на враќање од Софија, во Скопје се сретнал со политичките лидери на Албанците од позицијата и од опозицијата.

Првично Бегај се сретнал со  лидерот на Демократското движење Изет Меџити, на Алтернатива, Африм Гаши и вицепремиерот Арбен Фетаи за потоа да се сретне со првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари  и генералниот секретар Блерант Рамадани.

Бегај се сретнал и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и Бујар Османи.

На средбите Бегај бил придружуван од албанскиот амбасадор во земјава, Денион Меидани.

-На враќање од Софија неизбежна средба со албанскиот политички фактор во Северна Македонија, посветени на европската интеграција и НАТО, напиша Бегај на Фејсбук.

Во фокусот на средбите била соработката меѓу двете земји и актуелните случувања во земјава и регионот. вт/аа/

Фото: Фејсбук/Бајрам Бегај

 

Остани поврзан